Лос Анџелес Лејкерси против Њу Орлеанс (120:117) по продолжение стигнаа до втората победа сезонава во кошаркарската НБА лига. Херојот на Лејкерси од овој натпревар беше не толку познатиот 25-годишниот Мет Рајан.
Кошаркарот Рајан со звукот на сирената постигна тројка од мpтов агол и обезбеди продолжение од пет минути во кое „езерџиите“ стигнаа до триумфот.
Рајан натпреварот го заврши со 11 поени (три тројки) и сигурно долго ќе го памети. Во НБА тој влезе во март годинава во дресот на Бостон за кој постигна една тројка во пет минути. Со Лејкерси потпиша договор на крајот на септември и во тој момент тоа беше нешто сензационално затоа што само до пред две години работел се и сешто за да преживее. На 23 години тој работел како гpoбар, а бил и доставувач. Нема соменвање дека неговата приказна ќе биде и поголема ако продолжи да игра како на вчерашниот натпревар.