Чилвел неизвесен за Мундијалот во Катар

Левиот бек на Челзи и на англиската репрезентација се повреди на вчерашниот натпревар против загрепски Динамо во Лигата на шампиони и неговиот настап на претстојното Светско првенство во Катар е неизвесен.

Чилвел се повреди во самиот финиш на дуелот против Динамо и според првите прогнози станува збор за повреда на тетивата на коленото, јави Би-Би-Си.

Тренерот на Челзи, Грахам Потер, обелодени дека повреда на левиот бек е сериозна.

– Вакви ситуација делуваат фрустрирачки и за нас, и за играчот. Кога вакво нешто ќе се случи првата помисла на секого е дека Светското првенство почнува наскоро. Ако станува збор за повреда на тетива на коленото, рехабилитацијата трае најмалку две – три недели. Жал ми е Чилвел. Во исчекување сме на конечниот лекарски наод и се надеваме дека не е толку сериозно колку што ние мислиме, изјави Потер.

Треба да знаете
Последни објави