Боатенг ќе треба да плати 1,2 милиони евра отштета поради тепање на девојка

Германскиот суд донесе одлука поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Жером Боатенг, да плати отштета од 1,2 милиони евра поради тепање на неговата поранешна девојка. Актуелниот играч на фрнацускиот Лион, Боатенг минатата година беше казнет со 1,8 милиони евра, а Судот реши да ја намали казната. Добра вест за Боатенг е тоа што се спаси од затворска казна. Обвинителството бараше условна затворска казна за 34-годишениот германски фудбалер, но Судот не го прифати предлогот.                                                                                                               Боатенг претходно ги отфрли обвиненијата, откако неговата поранешна девојка кажа дека ја нападнал по што ја гризнал и ја влечел за коса.

Треба да знаете
Последни објави