Голем удар за Германија, Тимо Вернер се повреди и нема да игра во Катар

Напаѓачот на Лајпциг и Германија, Тимо Вернер ќе го пропушти Светското првенство поради повреда на скочниот зглоб. На натпреварот против Шахтјор во Лигата на шампионите, Вернер мораше да го напушти натпреварот уште во 16. минута.

„За жал, прегледите покажаа дека лигаментите се скинати, па Вернер нема да игра до крајот на 2022 година“, се вели во клупското соопштение.

Селекторот на Германија Ханси Флик е разочаран од оваа вест.

„Негативна вест, тој беше решен да игра на Светското првенство. Неговото отсуство е голема загуба за тимот, сите му посакуваме брзо закрепнување“, изјави Флик.

По враќањето во Лајпциг од Челзи, 26-годишниот Вернер се врати во форма, а во досегашниот дел од сезоната забележа девет гола и четири асистенции.

Треба да знаете
Последни објави