За бездноста на СП во Катар ќе се грижат 49.000 специјално обучени лица

Околу 49.000 луѓе, членови на државни организации и приватните обезбедувања, поминаа специјална обука, за да можат да се гриѓат за редот, мирот и безбедноста за време на Светското фудбалско првенство во Катар. На овој начин домаќинот сака да ги исполни сите стандарди на ФИФА.

Катар обучи 50.000 луѓе за да ги исполни барањата на ФИФА и да обезбеди силен безбедносен систем за целиот турнир, за сите учесници и за навивачите. Сите ќе работат под водство на командантот на безбедносните операции, шеикот Калифа бин Хамад ал Тани.

Од вкупниот број лица кои поминале специјална обука, 32.000 се членови на владини организации, 17.000 се членови на приватни компании за обезбедување.

Како што е наведено, сите програми и обуки на кои поминале биле спроведени според меѓународни стандарди, со високи акредитирани експерти и под надзор на катарските власти.

Светското првенство во Катар започнува на 20. ноември. Финалето е закажано за 18. декември.

Треба да знаете
Последни објави