Обвинителството на Неапол побара затворска казна за директорот на Монца, Адријано Галијани, претседателите на Наполи и на Аталанта, Аурелио Де Лаурентис и Антонио Перкаси, како и синот на Лучијано Моџи – Алесандро Моџи, открива „Ил Матино“. Сите тие се именувани како учесници во перење пари и лажна сметководствена шема поврзана со трансфери на играчи.
Се зборува за трансфери од 2013 и 2014 година. Истрагата за која станува збор е во тек повеќе од четири години, но обвинителството дури сега ги пречисти обвиненијата.
Галијани, кој долги години беше шеф на Милан, моментално е извршен директор и потпретседател на Монца. Обвинителството бара 13 месеци да остане зад решетки.
На газдите на Наполи и Аталанта им се заканува по една година затвор, а најсериозна пријава е за фудбалскиот агент Алесандро Моџи – 2 години и 8 месеци затворска казна.
Се очекува пресудите да бидат објавени на 2 февруари 2023 година, прецизира „Ла Република“.
Во исто време, обвинителството ги смета за невини и другите истражени популарни личности од италијанскиот фудбал, како што се претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, поранешниот шеф на Фиорентина, Андреа Дела Вале, поранешниот на Киево, Лука Кампедели, како и поранешниот фудбалер, Езекиел Лавеци.
Шемата вклучува три страни – клубот што купувa, играчот и неговиот агент. Според истражителите, личен менаџер на еден фудбалер се претставувал како таков до денот кога бил потпишан договорот. Тогаш одеднаш, според официјалните документи, агентот наеднаш се однесувал како консултант на клубот што го купил дотичниот играч. Оваа промена му овозможила на играчот да ја намали сумата што официјално ја должи на својот менаџер.