Од денска до 20 ноемеври ќе се одржи 15. Европското ракометно првенство во женска конкуренција, во кое Македонија е еден од ко-домаќините со Словенија и Црна Гора. Македонската репрезентација по пауза од 10 години се враќа на големите натпреаврувања и ќе игра во групата во Скопје, во салата во СЦ „Борис Трајковски“. Покрај домаќинот Македонија во групата се и фаворизираните селекции на Франција, Холандија и Романија. Во ваква силна конкуренција македонските ракометарки се пред голем предизвик.
Македонските ракометарки првиот настап го имаат утре, на 5 ноември, против Франција, а два дена подоцна ќе играат против Холандија, додека последниот дуел од групната фаза е против Романија на 9 ноември. Натпреварите на македонските ракометарки започнуваат од 18 часот.
Македонскит селектор Љубомир Савевски кажа дека нашиот прв противник има најдобра генерација во историјата на ракометот.
-Ова е најдобрата репрезентација на Франција досега. Имаат одличен спој на искусни и млади ракометарки и тоа е фантастично. Се надевам дека ќе одиграме како со Норвешка и ќе успееме да парираме подолго. Сите ракометарки што се во тимот се класа. Наша работа е да покажеме карактер и да покажеме дека сме во нагорна линија со формирање на ова репрезентација која е спој на кадети и сениори кои се во странските клубови. Нашиот народ е научен да има тим кој се бори за титула. Можеби овој период од 10 години направи женската репрезентација која беше во зимски сон и веројатно затоа е тоа така. Ако успееме да направиме спој на младост и искуство и да го кренеме квалитетот на игра, тоа ќе биде голем плус за Македонија. Нервозни сме како се приближува шампионатот, но за мене е важно да покажат карактер и добра игра, зашто Франција е селекција која може да победи кого сака, нешто слично ќе биде и со Холандија. Имаме тешка група, но се надевам дека девојките ќе покажат карактер и добра игра, вели Савевски,