Српскиот кошаркарски интернационалец Никола Јокиќ од редовите на Денвер испиша историја во НБА-лигата со учинокот на дуелот против Оклахома сити кој неговиот тим го доби со 122:110. Јокиќ на овој натпреавр го постигна својот 79. трипл-дабл во настапите во НБА-лигата (15 поени, 13 скокови и 14 асистенции) и го надмина Вилт Чемберлен на вечната листа. Јокиќ стана центар со најмногу остварени трипл-дабл во историјата на НБА.
Натпреварот почна како што се надеваа во редовите на Денвер, па првата четвртина ја добија со 42:29, а и на полувреме заминаа со 13 поени. Оклахома успеа да се врати во второто полувреме и да поведе со 93:91, но сепак во продолжението Денвер со нов пресврт стигнаа до до петтата победа од стартот на новата сезона. Со скор од пет победи и три порази Денвер се најде на 4. место во Западната конференција.
Јокиќ го заврши натпреварот со 15 поени, 13 скокови и 14 асистенции, кои му беа доволни на Денвер да запише победа во најсилната кошаркарска лига, додека во триумфот блесна Ерон Гордон со 27 поени.
На вториот меч кој се играше минатата ноќ Орландо меџик славеше против Голден Стејт вориорс со 130:129, иако Стеф Кари имаше одличен натпревар и постигна 39 поени, три скокови и девет асистенции.