Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија Ивица Обрва доби отказ тренерската позиција кај хрватскиот првак ППД Загреб. Разделбата ја објави хрватскиот клуб, откако под водство на Обрван екипата не ги постигна очекуваните резултати во Лигата на шампионите. Во првите осум кола ППД Загреб оствари само една победа и реми.
Во последниот натпревар против Динамо Букурешт, ППД Загреб не успеа да победи иако ја имаше победата во раце.
Во Загреб, Обрван стигна во 2021 година. Тимот на следните натпревари ќе го водат помошниците во стручниот штаб Тончи Валчиќ и Денис Шпољариќ.