Барселона останува заинтересирана за Бернардо Силва. Според „Diario Sport”, каталонскиот клуб сега ја разгледува можноста да потпише со играчот од средниот ред на Манчестер сити во претстојниот зимски преоден рок.
Бернардо е подготвен за преселба, а со заминувањето на Жерар Пике, Барселона има финансиски можности.
Сепак, сè уште не е јасно како да се убеди Манчестер сити да пушти важен играч каков што е Силва.
Доколку не успее трансферот во зима, Барселона ќе се обиде да го ангажира фудбалерот по завршувањето на сезоната.