Арсенал го доби големото дерби со Челси и се врати на првата позиција

Арсенал со 1-0 го победи Челси на Стемфорд Бриџ во лондонското дерби и повторно е пред Манчестер Сити на табелата.

Во еден борбен натпревар „топчиите“ беа поконретен ривал и се изборија за три големи бода со кои одново се врати на првото место на табелата. Ова за избраниците на Микел Артата беше 11. сезонско славје, а истото го обезбеди човекот кој стана специјалист за корнери, односно за прекини од вакви позиции.

Тоа е бразилскиот интернационалец Габриел кој ја затресе мрежата на Менди во 63 минута. Ова за него беше деветти гол во ПЛ, а сите од нив се по изведување на корнери што е навистина импресивно.

Клучниот момент се случи во 63. минута кога Сака изведе корнер, а Габриел ја удри топката на линијата и погоди за водство на Арсенал од 1-0, што се покажа и како конечен исход.

Челси не создаде речиси ниту една шанса за гол и заслужи да загуби.
За Челси ова беше втор пораз по ред, на последните четири меча имаа освоено само два бода.

Треба да знаете
Последни објави