Фудбалерот на Шкендија, Сабит Билали шутираше легнат фудбалер на земја од противничкиот тим Академија Пандев и заработи црвен картон. Овој неспортски потег беше причина на крајот мечот од 14. коло во Тетово кој заврши беа победник (1:1) да има инцидентни сцени. Фудбалерот на тетовскиот прволигаш Билали го очекува казна од дисциплинците во ФФМ. Пред дисциплинците од дуелот во Тетово ќе заврши и Алекснадар Васоски, тренерот на струмичкиот прволигаш Академија Пандев. Пред самиот крај на првото полувреме Васоски поради неспортски однос кон судиите беше опоменат со жолт картон, а во паузата наместо на клупата го испратија на трибините поради неспортското однесување. Васоски чија оставка раководството на струмичкиот прволигаш не ја прифати, принудно ќе го нема на клупата кај Академија Пандев.