Емери скрои тактика како Астон Вила да го среди Манчестер јунајтед предводен од Роналдо

Астон Вила го совлада Манчестер јунајтед на „Вила Парк“ со 3:1 (2:1) во 15. коло од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција. После 11 минути игра Астон Вила имаше предност од два гола со погодоците од слободен удар на Леон Бејли и Лука Дињ.

На крајот на првото полувреме Џејкоб Ремзи си постигна автогол и му даде надеж на Јунајтед дека може да дојде до поволен резултат во вториот дел.

Сепак Ремзи се „извади“ за автоголот и на стартот на вториот дел постигна гол за 3:1, резултат кој се покажа и како конечен на средбата.

Кристијано Роналдо натпреварот го започна од првата минута и тоа беше капитен на својот тим, но немаше причина за радост. Од друга страна тренерот Унаи Емери кој го наследи Стивен Џерард имаѓше фантастичен почеток на клупата кај тимот од „Вила Парк“.

Во останатите натпревар Њукасл со 1:4 беше подобар од Саутемптон, а Кристал Палас на гости кај Вест Хем славеше со 1:2.

Треба да знаете
Последни објави