Инцидентни сцени во Тетово, работа за дисциплинците во ФФМ

Фудбалерот на Шкендија, Сабит Билали шутираше легнат фудбалер на земја од противничкиот тим Академија Пандев и заработи црвен картон. Овој неспортски потег беше причина на крајот мечот од 14. коло во Тетово кој заврши беа победник (1:1) да има инцидентни сцени. Фудбалерот на тетовскиот прволигаш Билали го очекува казна од дисциплинците во ФФМ.  Пред дисциплинците од дуелот во Тетово ќе заврши и Алекснадар Васоски, тренерот на струмичкиот прволигаш Академија Пандев. Пред самиот крај на првото полувреме Васоски  поради неспортски однос кон судиите беше опоменат со жолт картон, а во паузата наместо на клупата го испратија на трибините поради неспортското однесување.                                        Васоски чија оставка раководството на струмичкиот прволигаш не ја прифати, принудно ќе го нема на клупата кај Академија Пандев.

 

Треба да знаете
Последни објави