Руне му зеде мерка и на Ѓоковиќ во Париз

Данецот Холгер Руне е победник на  тенискиот Мастерс турнир во Париз, откако во финалето го совлада со 2Ч1 во сетови, Новак Ѓоковиќ. Младиот 19-годишени Руне до неочекуваниот триумф стаса по голема борба која траеше повеќе од 2,5 часа. За Руне ова е трет трофеј во Мастерс серијата.
Еден од најдобрите тенисери во светото изминативе години, Србинот Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:3, во вториот Данецот возвратри со иста мера 6:3 за израмнување, а решавачкиот трет сет кој траеше 1 час и 13 минути, го доби Руне со 7:5. Во овој сет Руне имаше водство од 6:5 и сервираше за меч, во тој гејм Ѓоковиќ пропушти дури шест брејк топки за да изедначи и да го однесе сетот во тајбрејк.

Руне ја искористи својата втора меч топка и дојде до најголемата победа во својата кариера.
Данец го заокружи својот санзационалениот настап во Париз, каде во пет дена победи петмина тенисери кои се наоѓаат во ТОП 10-те на АТП листата, на која Руне во моментов е 19-ти, а веќе утре сигурно ќе направи голем скок.
Треба да знаете
Последни објави