Јувентус го доби големото италијанско фудбалско дерби против Интер (2:0). По три победи во низа и успешна одиграната групна фаза во Лига на шампионите се чинеше дека Интер излезе од резултатската криза, која го зафати од почетокот на сезоната, но е вратен во реалност во Торино каде „старата дама“ го потсети кој е кој во Серија А.
Србинот Филип Костиќ асистираше, а Рабио во 52. минута и младиот Фаџоли во 8у4 минута ги постигнаа головите за Јувентус.
Интер остана на 24 бода, но сега падна на седмата позиција, а Јувентус е петти со 25.