Твитер ќе го одложи почетокот на наплатата за месечната услуга за проверка на сметката од 7,99 долари. Оваа одлука е одложена, но ќе биде воведена по меѓизборите во САД на 8 ноември, објави Њујорк Тајмс, пренесе Ројтерс.
Твитер во саботата објави дека лансирал услуга за претплата од осум долари месечно, која вклучува добивање на сина ознака што ја имаа досега проверените сметки, бидејќи новиот сопственик Илон Маск започна со ревизија на системот за верификација на платформата.