Шведска со втората победа во групата Б, во Цеље против домашната селекција Словенија (33:22) си обезбеди место во втората рунда на 15. Европското ракометно првенство за жени од кое групи се играат уште во Црна Гора и Македонија. Хрватска во Љубљана ја победи Унгарија (21:18) и по поразот во првото коло од Норвешка за пласман во вторат рунда ќе одлучува во последното коло во мечот со Швајцарија.
Хрватска беша подобра во текот на целата средба. Јунак на натпреаврот беше голманката Теа Пријевиќ која имаше 14 одбрани, додека кај стрелците најдобра беше Валентина Блажевиќ со осум погодоци.
Словенките немаа сили за второ изнендување во групата во Целје откако на стартот совладаа Данска со 27:26. Такво задоволство не им дозволи Шведска кој славеше убедлива победа 22:33.