Екипата на Лос Анџелес е нов шампион во фудбалското првенство на САД. Во финалето, тимот на Лос Анџелес во неверојатно драматичен меч се радуваше против Филаделфија и тоа дури по подобро изведување на пенали.
Во регуларните 90 минути беше 2:2, по дополнителните 30 минути, резултатот беше 3:3, а по изведување на пенали, ЛА славеше со 3:0 и на крајот се радуваше на трофејот.
Лос Анџелес поведе со 1:0 со голот на Акоста во 27 минута, а Газдаг израмни на 1:1 во 59 минута. Се играше 83 минута кога ЛА повторно поведе, овојпат со 2:1, но Филаделфија со погодокот на Елиот израмни на 2:2 во 85 минута и мораше да се играат дополнителни 30 минути.
Во продолжувањата имаше нова драма. Најпрво, во 116 минута голманот на ЛА, Максим Крепо доби црвен картон поради фаул направен надвор од шеснаесетникот. Во тој фаул, Крепо заработи и сршеница на ногата и на носилки беше изнесен од теренот.
Резервниот голман Мекарти кој влезе во 118 минута имаше лош старт и прими гол во 124 минута, кога Филаделфија поведе со 3:2 и многумина очекуваа дека тоа е крајот на финалето.
Gareth Bale rises above Jack Elliott and keeps LAFC’s #MLSCup hopes alive at the death!
(via @FoxSoccer) pic.twitter.com/dKF3uBcOeg
— SI Soccer (@si_soccer) November 5, 2022
Сепак, во 128 минута, Лос Анџелес преку нивната најголема ѕвезда Герет Бејл израмни на 3:3 и се избори за изведување на пенали.
Во пенал рулетот, фудбалерите на Филаделфија ги промашија сите три пенали што ги шутнаа (резервниот голман на ЛА одбрани два пати, а еден удар беше над голот), па трофејот за најдобар тим во МЛС шампионатот е за Лос Анџелес.
ILIE. PANDEMONIUM. pic.twitter.com/v5HSDvu9Ic
— LAFC (@LAFC) November 5, 2022