Солзи на збогувањето на Пике: Ова не е збогум, ќе се вратам – тука сум роден, тука ќе умрам

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, вечерва го одигра последниот меч на „Ноу Камп“ и во кариерата и од навивачите и соиграчите доби спектакуларно испраќање во пензија.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, кој е голем пријател со Пике, за дуелот со Алмерија, му ја даде капитенската лента и го остави во игра до 85-та минута кога го замени со Андреас Кристенсен. Чави на овој потег се одлучи за да може Пике да добие овации од 93.000 навивачи на Камп Ноу, кои дојдоа специјално за дефанзивецот.

-Во животот како стареете сфаќате дека љубов понекогаш е дека треба да заминете. Ќе се вратам во иднина. Јас ја сакам Барса. Мислам дека беше време да се тргнам. Ова не е збогум, зашто тука сум роден и – тука ќе умрам!“, рече Пике пред илјадниците навивачи на „Камп Ноу“ кои со аплаузи го испратија.

Токму оваа бројка е најголема посета на „Камп Ноу“ во последните три години, и кога почнаа да го скандираат неговото име, Пике не можеше да ги остане мирен, со солзи во очите го напушти теренот, се збогуваше со сите соиграчи кои ги кренаа на раце.

Жерар Пике е еден од најдобрите дефанзивци во последните 20-тина години кои ги освои сите трофеи што може да се освојат, Светско првенство, Европско првенство, три Лиги на шампиони, осум титули во Ла Лига, една во Премиер лига…

 

Треба да знаете
Последни објави