Бразилскиот репрезентативец Филипе Кутињо ќе го пропушти претстојното Светско фудбалско првенство во Катар поради повреда на тетивата, јавија денеска британските медиуми.
Кутињо се повредил на последниот тренинг на премиерлигашот Астон Вила, а според најновите информации, бразилскиот фудбалер го очекува пауза од седум до 10 недели
Двомесечната рехабилитација значи дека Кутињо нема да биде во бразилскиот состав за Мундијалот, кој ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември во Катар.
Кутињо сезонава одигра 13 натпревари за Астон вила, каде дојде на почетокот на оваа година како позајмен фудбалер од Барселона, а англискиот клуб го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.