(Видео) Кливленд и Јута ги суредија тимовите од Лос Анџелес

Кошаркарите на ЛА Лејекрс продолжуваат со очајните игри на стартот од новата сезона во најсилната лига на светото – НБА. Ноќеска загубија во пресметката со Кливленд (100:114), со што останаа втор најлош тим на Западот. За Леброн и соиграчите ова беше седуми пораз во деветиот меч, па полошо од нив во моментов се само кошаркарите на Хјустон рокитс (1-9). Леброн беше најефикасен кај Лејкерс со 27 поени и седум скока, додека Дејвис и Вестбрук имаа дабл-дабл со 19 поени и 12 скока, односно 19 поени и 10 асистенции. Мичел со 33 поени и Гарланд со 24 поени беа најефикасни кај Кливленд.

Јута го совлада Лос Анџелес Клиперс (110:102) и ја прекина серијата од три последователни победи на противникот. Кларксон со 23 поени, Секстон со 22 поени и Конли со 17 поени беа најпрецизни кај „џезерите“, додека Пол Џорџ со 34 поени беше најефикасен кај составот од Ел-Еј, во кој осми меч по ред го немаше Каваи Ленард, поради проблеми со коленото.

РЕЗУЛТАТИ: ЛА Лејкерс – Кливленд 100:114, Мемфис – Вашингтон 103:97, Торонто – Чикаго 113:104, ЛА Клиперс – Јута 102-110.

Треба да знаете
Последни објави