Осминафинална реприза на последното финале во ЛШ: Ливерпул – Реал Мадрид

Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион попладнево со ждрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите. Полудиригираната ждрепката за двојките од нокаут фазата во елитното клупско натпреаврување  Лигата на шампионите донесе два мега дуели. Едната е реприза на последното финале, со нова проесметка меѓу Ливерпул и реал мадрид, а другата е дуелот меѓу ПСЖ и Баерн Минхен.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со Наполи за противник го добија Ајнтрахт Франкфурт.

Во оваа фаза ќе се сретнат и ланските финалисти Реал и Ливерпул.

Двојки за осминафиналето во ЛШ:
Милан – Тотенхем
Борусија Дортмунд – Челзи
Клуб Бриж – Бенфика
Ајнтрахт Франкфурт – Наполи
Интер – Порто
Ливерпул – Реал Мадрид
ПСЖ – Баерн Минхен
Лајпциг – Манчестер сити

Првите осминафинални дуели се закажани за 14/15/21/22 февруари, реваншите ќе се играат на 7/8/14/15 март следната година.

Треба да знаете
Последни објави