Македонската женска ракометна репрезентација денеска (18 ч.) го има вториот предизвик на 15. Европско првенство, во рамките од групата Ц кој се игра во Скопје, во салата во СЦ „Борис Трајковски“. Противник на македонските девојки ќе им биде соодветната селекција на Холандија, која ќе ја има фавортската улога.
Поранешниот светски шампион Холандија ќе биде инспирација за избраничките на македонскиот селектор Љубомир Савевски, но и за гледачите кои се очкува да бидат осмиот игра за „црвено-жолтите“. Според Савевски, Холандија е една од најсилните репрезентации во светот. -Најмногу работиме на мотивацијата на ракометарките, важно е да имаме наш ден и голманот да биде на ниво, со поддршката од полна сала ќе се обидеме да изненадиме. Холандија ја победи Норвешка со 10 гола разлика и тоа доволно зборува против каква селекција ќе играме. Треба да сме објективни, но ќе се обидеме да ги изненадиме. Имаат многу брзи крила затоа ние ќе мораме многу да трчаме за да покриваме добро, изјави Савевски.