(Видео) Серија каква што има Дончиќ немал никој од 1962 година во НБА-лигата

Словенечкиот кошаркарски интернационалчец Лука Дончиќ го предводеше Далас до четврта последовна победа во НБА-лигата. Далас го совлада Бруклин со 96:94. Словенецот го одигра деветтиот последователен натпревар во кој постигна најмалку 30 поени.

Тоа е втора најдолга ваква серија во историјата на НБА и најдобра од сезоната 1962/1963 кога Вилт Чембрлен имаше 23 последователни натпревари на отворањето на сезоната во кои постигна 30 или повеќе голови.

Играјќи за тогашните Сан Франциско вориорс, Чембрлен ја заврши таа сезона со просечни 44,8 поени и 24,3 скока по натпревар. Тој беше уште подобар претходната сезона. Тогаш имаше просек од 50,4 кошеви и 25,7 скока по вечер.

Вакви просеци се незамисливи во денешната кошарка, но Дончиќ се обидува да остави свој белег и успева во тоа. Против Нетс постигна 36 поени што е негов просек сезонава, шутирајќи 50 отсто од поле (22/11, 5/9 тројка) и 75 отсто од линијата за слободни фрлања (9/12). Најдобриот стрелец во лигата на тој учинок додаде по шест скока и асистенции.

Милвоки бакс во десеттиот меч го доживеа првиот пораз сезонава во НБА-лигата. Елените се поразени од Атланта со 117:98.

Продолжи мизеријата на ЛА лејкерс, доживеаја осмиот пораз во десеттиот меч сезоната, овојшпат на гостувањето кај Јута (139:116).

Резултати: Шарлот – Вашингтон 100:108, Орландо – Хјустон 127:134, Детроит – Оклахома Сити 112:103, Индијана – Њу Орлеанс 129:122, Филаделфија – Феникс 100:88, Атланта – Милвоки 117:98, Мајами – Портланд 107:110, Чикаго – Торонто 111:97, Мемфис – Бостон 106:109, Минесота – Њујорк 107:120, Сан Антонио – Денвер 109:115, Далас – Бруклин 96:94, Голден Стејт – Сакраменто 116:113, Јута – ЛА лејкерс 139:116, ЛА клиперс – Кливленд 119:117.

Треба да знаете
Последни објави