Силвестер Сталоне (76) не е воодушевен од „Крид 3“, прв игран филм за Роки Балбоа во кој славниот актер воопшто не се појавува. Тој го создаде ликот пред четири децении, а веќе негодуваше што нема никаква сопственост над франшизата.
Откако претходно го критикуваше продуцентот Ирвин Винклер за барањето авторски права на „Роки“ и „Крид“, во ново интервју за „Холивуд репортер“, акционата ѕвезда го коментира „Крид 3“, во режија на Мајкл Б. Џордан.
„Филмот отиде во многу поинаков правец отколку што јас би го однел. Тоа е поинаква филозофија од Ирвин Винклер и Мајкл Б. Џордан. Им посакувам добро, но јас сум многу посентиментален. Сакам кога моите херои ќе бидат тепани , но не сакам да одат на тоа темно место. На луѓето им се гади од темнина,“ рече Сталоне во интервјуто.
Creed III ќе биде објавен на 3 март 2023 година, и го следи синот на Аполо Крид, боксер аматер по име Адонис (Мајкл Б. Џордан). Сепак, за разлика од првите два филма на Creed, Роки не е таму за да го тренира и менторира Дони.