Актуелниот италијански шампион Милан не успеа да ја оправда фаворитската улога на вечерашното гостување во Кремона кај Кремонезе во Серија А.
„Црвено-црните“ упатија 16 удари, ама ниту еден не заврши во домашната мрежа. Најблиску до водство Милан беше во 56 минута кога стрелаше Ориги, но со помош на ВАР истиот беше поништен поради офсајд.
Со овој резултат избраниците на Пиоли ја зголемија негативата во однос на лидерот Наполи, односно сега имаа дури осим бода помалку од Елмас и компанија кои вечерва беа подобри од Емполи со 2-0.