Наполи запиша уште една рутинска победа, овој пат протов Емполи и се зацврсти на врвот од Серија А. Домаќинот бечерва ја прокнижи 12. победа во 14. натпревар, или десетта во низа.
Наполи овој пат се мачеше до 69-та минута, кога беше досуден пенал после фаулот над Осимен, а сигурен реализатор беше Лозано. Емполи потоа остана со играч помалку, а победата ја запечати Зиелински во последните минути. Македонскиот репрезентативец Елмас доби шанса во последните триесетина минути.
Можеше да биде поубедливо, но не можеше поинаку, бидејќи гостите го имаа првиот и единствен удар кон голот на лидерот во 92. минута, а воедно играа со десетмина во последните 20 минути. бидејќи Луперто доби два жолти картони.
Наполи со 38 бода е на првото место во Калчото. Наполитанците пред паузата поради Мундијалот имаат уште натпревар на гости кај Удинезе и шанса да заминат на одмор непоразени.
Илија Несторовски пак ги одигра завршните 10 минути (со продолжение) за Удинезе на средбата со Спеиција која заврши без победник 1-1.