„Нетфликс“ ја претстави својата поевтина опција за претплата со реклами, но повеќето корисници не се импресионирани од количината на достапна содржина вклучена во пакетот.
Поевтината опција Netflix Basic With Ads е веќе достапна во САД по цена од 6.9 долари месечно, и ќе биде достапна во 12 земји: Австралија, Бразил, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Кореја, Мексико, Шпанија, Велика Британија и САД.
Компанијата претходно откри дека опцијата поддржана од реклами нема да го вклучува целосниот каталог на „Нетфликс“, односно, ќе недостигаат 5 до 10 проценти од содржината од поскапите пакети.
„Ограничен број филмови и ТВ-емисии нема да бидат достапни поради ограничувањата за лиценцирање. Во зависност од земјата, околу 5 до 10 проценти од насловите нема да бидат достапни на Netflix Basic With Ads, “ изјави главниот оперативен директор на „Нетфликс“, Грег Питерс.
По лансирањето на овој пакетот Basic with Ads, корисниците пријавуваат исчезнување на многу популарни серии и филмови, како што се The Sinner, Arrested Development, The Good Place, House of Cards, New Girl, Good Girls, The Magicians, Skyfall, 28 Days и Peaky Blinders.