Контроверзната српска старлета и поранешна регионална натпреварувачка во „Големиот брат“, Сораја Вучелиќ се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа во Албанија, јавуваат српските медиуми.
Сообраќајната несреќа се случила во саботата. Сораја возела црн џип мерцедес. Од силниот удар во воланот со градниот кош, ѝ се скршиле ребрата и последователно се здобила со внатрешно крварење, пишуваат српските медиуми. Информер пишува дека поради тешката состојба била префрлена од Албанија во Хрватска на операција.
“Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја! Веднаш по судирот, таа е префрлена во приватна клиника во Албанија, каде ѝ била извршена операција. Меѓутоа, вчера нејзината состојба се влошила и се појавило внатрешно крварење. Семејството и пријателите решиле да ја префрлат на нова операција до Хрватска“, изјавил извор близок до старлетата за локалните медиуми.
“Сораја со другарка тргнала од Косово во Албанија. Возела џип мерцедес, во кој ненадејно удрило комбе. Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ шофершајбната! Таа со градите удрила во воланот при што и се скршиле ребрата и има повреди на внатрешните органи“, додал изворот.
Старлетата и нејзиниот придружник наводно морале да бидат извлечени од автомобилот од пожарникари.
Сораја Вучелиќ ѝ стана позната на јавноста во регионалниот Голем брат во 2011 година. Родена е во Книн, но српските медиуми пишуваат дека во детството морала да замине во Црна Гора поради тешките семејни односи со нејзината мајка. Нејзината мајка не можела да се грижи за неа, па Сораја завршила во семејство во Војводина.
Името на Сораја често се споменува во Србија во врска со мафијата. Автомобилите ѝ биле запалени неколку пати, а била сведок во разни криминални случаи во Србија, меѓу кои и убиства и обиди за убиства.
Во 2018 година било објавено дека ѝ е забранет влез во Србија. „Таа е прогласена за безбедносно ризично лице, имајќи предвид дека Србија има оперативни сознанија дека Сораја има контакти со сомнителни лица од Црна Гора“, изјавиле тогаш извори за српските медиуми.