Аталанта шокирана од Лече, само бод за Рома против Сасуоло

Фудбалерите на Сасуоло и Рома ремизираа со резултат 1:1, во рамките од 14 коло во италијанската Серија А. Играчите на Жозе Мурињо не одиграа најдобро во Реџо Емилија, иако имаа водство, кое не траеше долго.

Поблиску до првиот погодок беа домаќините, но најдобрата шанси ја пропушти Траоре, на кој Руи Патрисио му одбрани зицер. Казната стигна само три минути подоцна, кога после центаршутот на Манчини, Ејбрахам со глава ја погоди мрежата на „зелено-црните“.

Радоста на римската „волчица“ не траеше долго, бидејќи во 85 минута Пинамонти успеа да донесе бод за Сасуоло. Рома е петтопласирана на табелата и има само една победа во последните четири натпревари, додека Сасуоло е на 13 позиција.

Аталанта ги разочара своите навивачи на гостувањето кај составот на Лече (2:1). Домашните играчи по само три минути игра го шокираа клубот од Бергамо.

Најпрвин Баскирото во 27 минута го постигна водечкиот гол, додека Ди Франческо ја зголеми предноста само 120 секунди подоцна. Аталанта само го ублажи поразот преку Ѕапата во 40 минута по асистенцијата на Малиновски. Составот на Гасперини е на четвртото место во генералниот пласман со 27 бодови, додека Лече е на 16 место со 12 бодови по вториот триумф сезонава.

Треба да знаете
Последни објави