(Видео) По тешкиот инцидент во Чаир на дербито Шкупи – Шкендија се играше само десет минути фудбал

Дербито во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија во Чаир, меѓу Шкупи и Шкендија заврши по само десетина минути игра и водството на гостите од Тетово по што на теренот се редеа инцидентни сцени предизвикани од домашните навивачи. Интеревенираше и полицијата за да воспостави ред, но и да ги извлече на безбедно во соблекувалната гостинските играчи.

Според официјалните лица, нема услови за продолжување на натпреаврот, па продолжението ќе биде пред наделжните во ФФМ.  Натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија беше прекинат уште во 10. минута од средбата, поради хаосот кој го приредија навивачите на Шкупи веднаш откако гостите поведоа со голот на Дашмир Елези.

Елези по постигнатиот погодок се упати кон навивачите на Шкупи, по што следеше влегување на теренот од страна на дел од домашните симпатизери, по што настана тежок инцидент со физички пресметки во кои беа вклучени и фудбалерите.

Треба да знаете
Последни објави