Време е Шкупи и Шкендија да ја прекинат меѓусебната пресметка без победник

На македонската фудбалска сцена попладнево од 13 часот ќе се одиграат четвртфиналните натпреаври од Купот на Македонија. Овие пресметки во кои на крајот мора да има победник ќе ги одбележи дуелот во Чаир каде силите ќе ги одмерат Шкупи и Шкендија, водечките екипи на домашната сцена во последните сезони. Последните седум пресметки меѓу лутите ривали Шкупи и Шкендија завршуваа без победник, но овојпат оваа традиција мора да биде прекината бидејќи во полуфиналето ќе патува само победникот.

Во сенка на пресметката во Чаир ќе бидат преостанатите три дуели:  Силекс – вардар, Струга ТЛ – Брегалница и Македонија ЃП – Академија Пандев.

Најтрофејниот македонски клуб Вардар од Скопје во ова друштво е единствениот второлигашки состав и на гостувањет кај Силкес во Кратово ќе се обиде да ппкаже соп игра и резултат дека е на вистинскиот пат да се врати во елитното друштво. Силекс кој е повратник во прволигашката конкуренција има одличен старт во првенствената сезона, а во куп натпреаврувањата во двете последни иозданија еднаш го совои трофејот во 2021 и во последното мајско издание беше поразен во финалето.

Лидерот во првенствената трка Струга Трим Лум ја чека Брегалница која доаѓа после бурниот момент со заминувањето на тренерот Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев. Стружани по пет меча без победа на денешниот куп-натпреавр ја гледа шансата да ја прекинмат оваа серија.

Актуелниот бранител на трофејот Македонија ЃП ја пречекува Академија Пандев.

Двојки за денеска (13 ч.): Силекс – Вардар, Шкупи – Шкендија, Струга Трим Лум – Брегалница, Македонија ЃП – Академија Пандев.

Треба да знаете
Последни објави