Барселона ја продолжи победничката низа во шпанското фудбалско првенство откако во Памплона со пресврт ја совлада домашната Осасуна со 2:1 иако играше со играч помалку. Барселона сега е лидер со пет бода повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид. Каталонците остнаа со играч помалку уште во 31. минута по црвениот картон на Роберт Левандовски, а покрај него уште еден фудбалер доби црвен картон, иако седеше на клупа – Џерард Пике.
Полскиот голгетер кој оваа сезона 13 пати стрелаше во Ла Лига доби два жолти картони според кои треба да добие казна од само еден натпревар, но може да биде надвор од тимот и три меча поради гестикулација кон судијата Хесус Гил Монзано.
Делителот на правдата сето ова го запишал во записникот и сега се чека одлука од Дисциплинската комисија на Ла Лига.