Македонската фудбалска репрезентација ќе одработи два пријателски натпревари во Скопје со Финска (17 ноември) и Азербејџан (20 ноември). Селекторот Благоја Милевски за ови контроли повика 26 кандидати.
– Не се ме комплетни, но нема да се жалиме. Веќе 13-14 месеци не успеваме да ги собереме најдобрите. На овие натпревари, очекувам подобрување. Ова се истите момци кои даваа по три, па и пет гола во минатото. Можеби лошата форма и проблемите со ненаоѓање на тимови беа пресудни, а се надевам дека тоа е веќе зад нас. Финска е одлична репрезентација, сериозен тим со кој ќе биде тешко. Исто така и Азербејџан е во страшен подем, па се надевам натпреварите ќе ни послужат да ни дадат правец и насока за иднината, вели македонскиот селектор Милевски по објавувањето на списокот и додва: -Адеми, пак не е со нас, на последниот меч за Динамо заработи повреда на задната ложа. Чурлинов, Костадинов и Илиев се враќаат полека од повредите, но ги немаме за овие натпревари. Велковски е на список и ќе биде со нас, но 14 дена работи само индивидуални тренинзи. Доста подобра е формата на фудбалерите во однос на септември, пред сѐ тие што се носители, тука мислам на Барди, Елиф, Алиоски…дополнително тие што не беа на септемврискиот собир полека влегуваат во натпреварувачка форма како Давид Бабунски и Бобан Николов. Кире Ристевски имаше период на аклиматизација и сега е на задоволително ниво. Се надевам после викендов после клупските натпревари сите фудбалери ќе останат здрави.