Дефанзивецот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Жерар Пике кој заминува во играчка пензија, во блиска иднина има амбиција да стане претседател на клубот од „Камп Ноу“.
Како што јави „Sport.es.” според изворот, играчот веќе почнал да формира тим за идните избори.
Следните претседателски избори во Барселона ќе се одржат во 2025 година. Актуелен претседател на клубот е Жоан Лапорта.
Пике е „дете” на Барселона. На 5 ноември тој го одигра последниот натпревар за тимот против Алмерија (2:0) во рамките на 13. коло од шпанското првенство.
Два дена претходно, 35-годишниот Шпанец објави дека става крај на фудбалската кариера.