Сон: Подготвен сум за Мундијалот

Јужнокорејскиот фудбалски репрезентативец Сон Хуенг – Мин објави денеска дека е подготвен да настапи на Светското првенство кое од 20 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар.

-Настапот во дресот на својата земја на Светско првенство е сон на многу деца, како што беше и мој. Ова не би го пропуштил за ништо на светот. Едвај чекам да ја претставам нашата прекрасна земја, се гледаме наскоро, порача Сон на Инстаграм.

На Сон кон крајот на минатата недела му беше извршена операција поради фрактура во пределот околу левото око, откако се повреди на натпреварот против Олимпик Марсеј во Лигата на шампиони.

Сон преку социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите за поддршката и желби за брзо оздравување.

-Ви благодарам на сите за поддршката која ја добив. Во тешките моменти добив многу сила од вас” наведе фудбалерот на Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави