Струга ТЛ. Македонија ЃП и Силекс се полуфиналисти во фудбалскиот Куп на Македонија. Лидерот во прволигашката конкуренција Струга Трим Лум ја совлада Брегалница со 2:0 со погодоците на Малиќи во втората минута и Шабани во 58.минута.
Македонија ЃП обезбеди нов пласман во полуфиналето откако ја победи Академија Пандев со 1:0. Адама Самаке беше стрелец на единствениот гол во 73.минута.
Во Кратово, Силекс и Вардар одиграа 0-0 во регуларниот тек, а по пенал-серијата пласман во полуфиналето обезбеди Силекс. Вардарци не реализираа дури три пенали.
Големото дерби меѓу Шкупи и Шкендија беше прекинато, при резултат 0-1, откако публика влета во теренот и ги нападна гостинските фудбалери.