ФФМ одлучи: Службена победа за Шкендија и суспензија на стадионот Чаир

Тетовска Шкендија и официјално е четвртиот полуфиналист во Купот на Македонија покрај Струга Трим Лум, Македонија ЃП и Силекс, откако попладнево на вонредна седница на комисијата за натпревари во ФФМ на тетовци им е доделена службена победа.

Шкендија на „зелена маса“ добива службен триумф со 3-0 после хаосот што денеска се случи на Чаир, откако навивачите на Шкупи ги нападнаа тетовци експресно откако Дашмир Елези во деветата минута даде гол за водство, по што гостите се повлекоа, а судијата и делегатот утврдија дека нема услови за продолжување на мечот и истиот се прекина.

Натпреварувачката комисија на ФФМ во исто време го суспендира теренот на Чаир и Шкупи е предаден на дисциплинска комисија која ќе решава за казната што чаирчани ќе ја добијат за овој хаос и скандал, па до донесување на одлуката Шкупи ќе мора да игра на друг терен на 100 километри одалечен од Скопје.

Треба да знаете
Последни објави