Фил Најт, коосновачот на американскиот гигант за производство на спортска опрема „Најки“, смета дека соработката на компанијата со ѕвездата на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг, најверојатно, е завршена засекогаш по неговите контроверзни антисемитистички ставови.
„Се сомневам дека ќе се вратиме. Не сум сигурен, но чувството е такво. Кајри ја премина црвената линија. Толку е едноставно. Имаше коментари, кои не можe да се оправдаат и затоа ја прекинавме соработката“, изјави Најт за Си-ен-би-си.
„Најки“ минатиот петок потврди дека го суспендира спонзорирањето на Ирвинг и дека се откажува промоцијата на новите патики со неговото име откога тој преку „Твитер“ објави линк до антисемитистички филм, а потоа одби да се извини. Нетс исто така го суспендира Ирвинг на барем пет натпревари.
Ирвинг имаше спонзорство со „Најки“ од 2011 година, а во 2014 година првпат беа објавени неговите патики во договор што тежи најмалку 11 милиони долари.