Иако на почетокот на сезоната многумина го отпишаа Јувентус од трката за италијанската титула по лошата серија резултати, тимот на Макс Алегри триумфира со 1:0 на гости кај Верона за нивна петта победа во низа и искачување на третото место на табелата во Серија А.
Човек на одлука на „Бентегоди“ беше Моисе Кин, кој го постигна единствениот гол во 60. минута од мечот по што до крајот на мечот „бјанконерите“ успеаја да се одбранат од постојаните напади на домаќините. Тие сметаа дека беа оштетени по фаулот на Леонардо Бонучи во шестнаесетникот и на крајот останаа без поени на дното на Серија А.
Јувентус, пак, сега е трет со 28 поени, десет помалку од лидерот Наполи, но само два зад второпласираниот Милан.