Шкупи го пријави Кичево за домашен мегдан против Скопје

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, Шкупи кој заработи експресна суспензија на теренот во Чаир, поради хаосот кој го предизвикаа неговите навивачи на куп-натпреварот со Шкендија, в сабота на првенствениот натпревар со Скопје ќе биде домаќин во Кичево.

Средбата со Шкендија траеше само десет минути кога по постигнатиот гол на тетовскиот прволигаш домашните  навивачите влегоа на теренот и ги нападнаа играчите на Шкендија. Средбата беше прекината и регистрирана со службен разултат за Шкендија.

Шкупи е предаден пред дисциплинците каде го очекува изрекување казна за слабата организација поради што мора да игра како домаќин 100 километри подалеку од Скопје.

Треба да знаете
Последни објави