5 ефективни чекори за да се подготвите за првата CevahirTowerRun трка по скали во Македонија

Трка по скали во највисоките згради низ светот или Towerrunning е спорт чијашто растечка популарност ги привлекува спортистите и спортски активните лица од многу земји во светот. Трки по скали се одржуваат во висококатници како што се ЕмпаерСтејд Билдинг, Тауер 42, Ајфеловата кула и слично, а за прв пат годинава, CevahirTowerRun трката по скали под мотото “Освој го врвот на Cevahir кулите“го доближува овој тип на спорт до домашните спортисти и спортско активни лица.

Придобивките што ги носи овој спорт за телото како за професионалците, така и за аматерите се големи и речиси двојно поефикасни, отколку трчањето на рамна површина. Трката по скали се фокусира на искачување по скали, а не трчање надолу. Па од таа причина и го враќа кардиоваскуларниот систем во форма, овозможува активност со висок интензитет, согорува повеќе калории од класичното џогирање за многу пократко време.

Искачувањето по скали на висококатниците, меѓу кои е и CevahirTowerRun трката бара претходна подготвеност од страна на натпреварувачите, со цел да се избегнат несакани повреди додека се искачуваат до врвот на највисоката кула. Тренингот за трчање по скали бара координиран напор и планиран режим. Следете ги овие 5 едноставни, но ефективни чекори со цел да се подготвите за вашиот предизвик да го освоите врвот на Cevahir кулите.

# 1: Качувајте се по скали

Ова е веројатно најочигледниот, но сепак најважниот фактор за подготовка пред било која трка по скали. Дури и ако немате време или ресурси постојано да трчате целосен сет на трка, речиси сигурно можете да најдете креативни начини да се качите по скалите секогаш кога е можно, без разлика дали тоа се скалите во вашиот дом, работното место или во надвор од вашиот дом. Одете по скали наместо да користите лифт.

#2: Зголемете ја вертикалната километража

На ист начин како што треба постепено да ја зголемувате неделната километража кога тренирате за полумаратон или маратон, треба да се стремите да ја зголемите и вашата вертикална километража, односно бројот на искачени скали кога се подготвувате за towerrunning.

# 3: Спринт трчање по скали

Интервален тренинг и зголемувањето на брзината се одлични методи за тренинг за вашиот предизвик за трка по скали, притоа фокусирајќи се на брзината. Постепено, зголемувајте ја брзината и времето за кои се искачувате до претходно зададената цел.

#4: Вкрстен тренинг

Како и кај тренинзите заполумаратон или маратон, тренингот пред секоја трка по скали

мора да вклучува мешавина од вкрстен тренинг. Ова не само што ги зајакнува различните групи на мускули неопходни за вежбање на целото тело, туку помага да се спречат несакани повреди за време на тренингот или додека се натпреварувате во трчање по скали. Велосипедизам, кревање тегови, пешачење, трчање, вежбање јога и разни кардио вежби може да бидат дел од овој тип на тренинг.

#5: Користете го лифтот за симнување

Трчањето по скали надолу додека се подготвувате за трка по скали може само да предизвика непотребно оптоварување на вашите колена. Наместо тоа, зачувајте го тој дополнителен напор за денот на трката, а кога тренирате, користете лифт за да се вратите на почетната точка!

Заинтересираните натпреварувачи и спортски активни лица кои сакаат да бидат дел од првата трка по скали во Македонија може да се пријават на (https://cevahirtowerrun.com/ ), а CevahirTowerRun трката ќе се одржи на 20 ноември во висококатниците на Џевахир Скај Сити во Скопје.

 

 

Треба да знаете
Последни објави