„СКОПЈЕ ЖИВЕЕ ПАК“ е мотото со кое го отворивме клубот. PURE CLUB го враќа сјајот
на ноќниот живот по кој Скопје беше надалеку препознатлив, а со разновидната
програма, трендовските и иновативни настани ќе се обиде да ја врати навиката на
повозрасните скопјани за одличните полноќни забави.
„Скопје важеше за град со најдобар избор за ноќен живот на Балканот изминатите
две децении, па нашата мисија во моментов е да го вратиме тој епитет, затоа ќе
понудиме клуб по сите светски стандарди и програма која ќе ги задоволи и
најистенчените вкусови.“
Ноќниот клуб PURE се отвори минатиот викенд во срцето на градскиот парк. Се
простира на 1.000 м2, естетски уреден во урбан стил, опремен со најсовремена аудио,
видео, светлосна технологија, а истиот е и феноменално изолиран. Политиката на
клубот за минимална возраст на посетителите е 25 години а дрес кодот е smart &
elegant.
Овој викенд по повод 13 ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, за
повозрасните скопјани и останатите во Скопје се организира празнична свирка на
култните НОКАУТ.