Познат составот на групите за завршниот АТП мастерс

Со жрепка во Торино денеска е одреден составот на „црвената” и „зелената’ група за завршното АТП финале, кое ќе се игра во овој италијански град од 13 до 21 ноември со награден фонд од 14.750.000 долари.

На завршниот АТП Мастерс во Торино ќе настапат осумте најдобро рангирани тенисери поделени во две групи.

Во „црвената” група се Србинот Новак Ѓоковиќ, руските тенисери Данил Медведев и Андреј Рубљов, како и Стефанос Циципас од Грција.

„Зелената’ група ја сочинуваат Шпанецот Рафаел Надал, Канаѓанецот Феликс Оже – Алијасим, Норвежанецот Каспер Руд и Американецот Тејлор Фриц, која на турнирот влезе како замена за повредениот светски рекет број 1. Карлос Алкараз од Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави