Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Мундијалот во Полска и Шведска.
На списокот има 35 ракометари, а од нив ќе ги повика оние што ќе ги стартуваат подготовките пред Нова Година. Ќе потсетиме, на Светското првенство Македонија ќе игра во група со Норвешка, Аргентина и Холандија.