Атаман му забранил на Мициќ да игра за Србија

Селекторот на турската кошаркарска репрезентација и тренер на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, му забранил на Василије Мициќ да игра за репрезентацијата на Србија.

Србија ќе ја пречека Турција во понеделник, во еден од клучните натпревари за двете селекции, за пласман на Светското првенство.
Атаман најпрвин му дал дозвола на Мициќ да му се стави на располагање на тренерот Светислав Пешиќ, но на крајот ја променил одлуката, му забранил да се појави во Белград.

Овој дуел може да биде клучен за пласман на Светското првенство во 2023 година, бидејќи Србија (4-3), додека Турција (3-4).

Во август, Србија ја победи Турција во Истанбул. значително би ги загрозила нивните шанси со пораз.

Од оваа група пласман на СП веќе исбори Летонија (6-1). Србија и Грција се на 4-3, Турција и Белгија на 3-4, а Велика Британија има само една победа и нема никакви шанси да се пласира на Мундијалот.

Треба да знаете
Последни објави