Ван Дајк: Најтежок за чување? Оливие Жиру

Вирџил Ван Дијк, асот на Ливерпул и капитен на холандската репрезентација даде интересен одговор на прашањето кој напаѓач е најтежок за чување.

Ван Дајк, по доаѓањето во Ливерпул, одигра безброј дуели со најдобрите напаѓачи на денешницата.
Играше и против Меси, Роналдо, Халанд, Кун Агуеро..

„Најтешкиот ривал? Жиру. Секогаш имав впечаток дека го „имам“, дека ќе се зсправам со него. Сепак, тој секогаш успеваше да постигне гол кога бевме ривали. Во дресот на Арсенал, Челзи и француската репрезентација. Човекот едноставно заеше како да го направи тоа“, рече Ван Дајк.

Жиру моментално е играч на Милан и оваа година е најдобар стрелец на актуелниот шампион на Италија.

Треба да знаете
Последни објави