Ливерпул денеска без Клоп на клупата

Тренерот на англискиот фудбалски вицешампион Ливерпул, Јирген Клоп, нема да седи денеска на клупата на премиерлигашкиот дуел против Саутемптон поради суспензија.

Клоп е казнет со забрана од еден натпревар да го предводи својот тим поради инцидентот што се случи во завршницата на дербито против Манчестер сити минатиот месец кога влезе во конфликт со четвртиот судија.

Првично, независната регулаторна комисија за тој инцидент му изрече парична казна на Клоп во висина од 30.000 фунти.

Казната, меѓутоа, беше преиначена, откако Англиската фудбалска федерација вложи жалба.

Ливерпул во моментов е на осмото место на табелата во Премиер лигата со 19 бодови, 15 помалку од лидерот Арсенал.

Треба да знаете
Последни објави