Словенечкиот интернеционалец Лука Дончиќ, Далас го предводеше Далас до нов триумф, со трипл-дабл, које за него е 49. во НБА-кариерата и го искачи на шестото место на вечната листа во најсилната кошаркарска лига во светот. Далас го победи Портланд со 117:112, а Дончиќ на крајот заврши со 42 поени, 13 скокови и 10 асистенции.
Словенецот сезонава ја започна со низа од девет натпревари на кои постигнуваше 30 и повеќе поени, што е втора најдолга од почеток на едно првенство во НБА-историјата. Подолга низа со постигнати 30+ поени на старт на сезона имал само Вилт Чемберлејн на 23 средби. По деветте меча овој потфат на Дончиќ беше сопиран на 24 поени против Орландо и 22 поени во дуелот со Вашингтон. За Лука ова беше четврти трипл-дабл на кој има 40+ поени и се доближува до постигнувањет на Леброн Џејмс кој има шест такви трипл-дабл меча. Рекордер по бројот на трипл-дабл дуели со 40+ поени е Оскар Робертсон кој имал 22 такви натпревари.
Ова беше седма победа за Далас во 12 меча, додека Портланд и покрај поразот е подобро рангиран со девет победи во 13 меча.
Luka Doncic made history logging his 4th career 40+point triple-double as he powered the @dallasmavs to the W! #MFFL@luka7doncic: 42 PTS, 13 REB, 10 AST, 2 STL pic.twitter.com/sfG7LbeHDt
— NBA (@NBA) November 13, 2022
НБА лига резултати: Лос Анџелес Клиперс – Бруклин 95:110, Вашингтон – Јута 121:112, Детроит – Бостон 108:117, Индијана – Торонто 118:104, Филаделфија – Атланта 121:109, Мајами – Шарлот 132:115, Далас – Портланд 117:112, Њу Орлеанс – Хјустон 119:106.